Престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето во Скопје и Струмица

Прекинат е прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, средно дневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мг/м³ и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.

Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close