Престрелка кај училиште во Бутел, рането едно лице

Скопјанец настрадал во престрелка меѓу две групи на улицата Хо Ши Мин, попладнево во Бутел, дознава 24 Инфо.

Како што дознаваме, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.

Во инцидентот едно лице било застрелано во нога и е пренесено во Поликлиника „Чаир“.

Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.

Back to top button
Close