Пресуда од три месеци затвор за сексуален грабливец – локален моќник во првото судење за случај од движењето „#MeToo“ во Србија

 


„Правда за Марија“ – слика од профилот на Твитер на Марија Лукиќ.

Локален моќник озлогласен по сексуално малтретирање жени кои работеле за него во српска провинциска општина добил казна од три месеци затвор на судењето кое се смета за првиот познат случај од движењето за разоткривање сексуално насилство „#MeToo“ во таа земја,

пишува Globalvoices.

Судењето на 58-годишниот поранешен претседател на општина Брус, Милутин Јеличиќ викан Јутка, завршило на 10 јули 2020 г. извести телевизијата Н1.

Адвокатот што ја претставувал 32-годишната тужителка Марија Лукиќ, која го обвинила поранешниот работодавец за сексуално малтретирање, изјавил:

Превод Оригинален цитат
Задоволни сме од пресудата и ова е еден добро придвижување за правосудството. „Правда за Марија“ е многу важна иницијатива за Србија, а таа е првата жена што успеала да го прати во затвор еден моќник кој се повикувал на највисоките државни органи, мислејќи дека ќе го заштитат пред судот.
Марија Лукиќ, мажена мајка на две деца и дипломирана економистка, го пријавила случајот во март 2018 г.

Таа го обвинила тогашниот претседаттел на општината за континуирано праќање пораки со сексуална содржина по мобилен и за обиди да ја допира на работното место. Полицијата поднела пријава за сексуално малтретирање, сексуално вознемирување и злоупотреба на службената положба.

Лукиќ била отпуштена, а општината донела одлука да го затвори фризерскиот дуќан на нејзиниот сопруг.

Сопругот, кој јавно искажал поддршка за Марија, изјавил дека добивал закани дека полицијата ќе му подметне дрога како изговор да ги апси.

По судењето, Марија Лукиќ твитнала:

Не, не сум среќна што е осуден на три месеци.
Мирна сум дека знам дека дадов сè од себе, за сите нас.
Мирна сум затоа што агонијата заврши. Условно речено, бидејќи пресудата сè уште не е правосилна.
Мојата совест е мирна.
Го чув она: „Виновен е“.
После сè, само тоа и ми требаше.
Сторијата привлече меѓународно внимание, при што ја покриваа Икуал тајмс, АФП и СиЕнЕн.

Продемократското политичко движење „Не го давиме/даваме Белград“ („Не да(ви)мо Београд“), кое искажа поддршка за Марија Лукиќ на секое рочиште, искажа солидарност преку изјава, нагласувајќи дека „ниту еден моќник не е помоќен од гласната јавност“.

повеќе

Back to top button
Close