Пресуда за „Тортура“ на 17 јуни

На денешните завршни зборови на одбраната, беше посочено дека БЈБ, а не УБК, како што тврди Обвинителство, го организирало и извршило приведувањето на Бошкоски, во јуни 2011 година

За 17 јуни е закажана пресудата за предметот „Тортура”, каде што првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата „Алфи”.

На денешните завршни зборови на одбраната, беше посочено дека БЈБ при МВР, а не УБК, како што тврди Обвинителство, го организирало и извршило приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија Лубе Бошкоски, во јуни 2011 година.

Случајот за овој предмет го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

 

Back to top button
Close