Пресврт во случајот со исчезната жена во Македонија: Не сум исчезната, се премажив – пред да заминам оставив писмо!

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до редакцијата на Вики Медиа се обрати жена која тврди дека е В.А. (56) од неготинско Војшанци, а по која се трага од 28-ми јули, кога сопругот ја пријавил во ОВР Неготино за исчезната.

Како што појаснува, пред да си замине од домот, таа му оставила подолго писмо на сопругот во кое напишала каде оди, и не сфаќала зошто тој воопшто ја пријавил во полиција за исчезната.

-Никој од убаво не бега. Трпев семејно насилство, слушав навреди и не можев повеќе да издржам, затоа заминав. Сега нема зошто повеќе да се кријам. Се преселив во Неготино, сакам да знаат медиумите и институциите дека сум добро, вели таа.

На нашето укажување дека треба да ги извести и надлежните лица во ОВР Неготино, дека всушност заминала по своја волја, бидејќи се уште се превземаат мерки за нејзино пронаоѓање, порача дека и тоа ќе го стори, односно ќе отиде во полициската станица на разговор.

Инаку, за случајот известија од СВР Велес, од каде истакнаа дека на 28-ми јули во 03.00 часот сопругот на В.А. (56) од неготинско Војшанци во ОВР Неготино пријавил дека таа се оддалечила од семејниот дом. Беше соопштено дека се превземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Потоа, по десеттина дена, на прашањето дали е пронајдено лицето, од СВР Велес за Викимедиа одговорија дека се уште се превземаат мерки за пронаоѓање, и кога ќе има нови детали во случајот, ќе бидат соопштение на јавноста.

Back to top button
Close