Пресврт во сторијата која ја потресе Македонија: Сѐ е измама – среќа што не бев тој момент таму, инаку сега во притвор ќе бев

Хуманитарецот Александар Георгиевски или познат како Бате Аце од Штип вечерва се огласи на социјалните мрежи, но и на медиумите дека ја прекинува хуманитарната акција за фамилијата во кратовско Секу.

Во изјава за Мнет тв тој вели дека мајсторите биле пцуени и навредувани од таткото кој постојано бил алкохолизиран. Притоа вели дека мајката е недомаќинка и мрзлива, а најсериозни обвинувања имаше за девојчето Кети.

За неавели дека се што кажала пред камери излажала и дека откако се снимила емисијата и дошла помош таа не оди на училиште. Притоа цело време седи на телефонот, јаде во кревет и фрла каде ќе и падне и притоа физички го малтретира братчето со аутизам.

„Се што кажав вечерва стојам позади тоа, среќа што тој момент кога пцуел не бев таму, туку заминав да купам материјал за мајсторите. Да сум бил таму и да сум слушнал тоа што кажал сигурно ќе реагирав и сега ќе бев во притвор“ кажа Бате Аце за Мнет.

Сторијата за семејството можете да ја погледнете веднаш подоле:

Back to top button
Close