Претепан 26-годишник од двајца малолетници, завршил на клиника со тешки повреди
На 05.02.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Т.(26) од село Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот во паркот во село Пакошево, општина Зелениково, бил физички нападнат од двајца малолетници
Како што е пријавено, тие употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.






