Претепан доставувач на храна во центарот на Скопје – причината банална, поради паркинг место пред зграда

На 24.10.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје, М.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 22.10.2025 околу 16:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на храна, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






