Претежно облачно, во попладневните часови со врнежи од дожд

– Времето денеска ќе биде претежно облачно, во пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од осум до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени,

Во наредните денови  ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд.

Back to top button
Close