Претпладне сончево, а попладне краткотраен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 8 и максимална до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време, со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Понестабилно време се очекува во сабота

 

 

Back to top button
Close