Прeтрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице 

 Полициски службеници синоќа во 21.00 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, го лишиле од слобода И.Л.(38) од Битола.

Од МВР денеска соопштија дека при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close