Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

МВР инфoрмира дека на 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ, односно околу пријавувањето и одјавувањето на странци кои престојуваат во државата.

При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани.

Според МВР, по документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close