Претрес во Охрид, запленети дрога и оружје

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Н.Т.(57) од Охрид. Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со хашишово масло, пиштол марка „VZOR 50“ калибар 7,65 мм, неколку куршуми калибар 7,65 мм и една празна рамка за пиштолот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик

Back to top button
Close