Претрес во Скопје, пронајден пиштол, приведено едно лице

Во Скопје вчера во 16.05 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ф.(48) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираат од МВР, бил пронајден пиштол „Берета“ калибар 7,65 милиметри и 48 куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close