Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

 

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 25-годишниот скопјанец П.П.

Како што информираат од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени ококу еден килограм  марихуана и две дигитални ваги.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Back to top button
Close