Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 14 часот го лишиле од слобода М.М.(23) од Тетово, соопштија денеска од МВР.

По претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории во Тетово, каде била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close