Претреси кај апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој го поврзуваа со уапсениот Стафа за мито 

t

 

Претреси се спроведуваат кај судијата Ѓоко Ристов, кој суди во Апелациониот суд во Скопје, дознава „Скопје1“ Информацијата за “Скопје1” ја потврдиле и од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според неофицијалните сознанија, предметот се однесува на сомневања за злоупотреба на судиската функција, но конкретното кривично дело засега не се соопштува, бидејќи претресите сѐ уште се во тек. Полициски екипи, по наредба на јавен обвинител и со дозвола на Основен кривичен суд Скопје, влегле на локациите уште попладнево. Неофицијално, станува збор за домот на судијата.

Името на судијата Ѓоко Ристов претходно беше поврзувано со Фехми Стафа, поранешен народен правобранител, кој моментално се наоѓа во притвор поради сомневање дека примил 50.000 евра мито. Неофицијално, претресите кај Ристов се вршат по наводи кои произлегуваат од предметот во кој се гони Стафа.

Повеќе на Скопје1.мк

Back to top button
Close