Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати
На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.
– Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Дел од медиумите објавија дека е приведен и поранешниот директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски.