Претреси во Кондово и Скопје, приведени крадци

Полициски службеници од ЕВР – ОКР Ѓорче Петров, по претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, на 26 ноември 2020 извршија претреси кај Е.Б. (22) Скопје и С.С. (21) од село Кондово и ги лишија од слобода.

Претходно, како што соопшти МВР, на 19 ноември 2020 во полициска станица бил повикан А.А. (24) од село Љубин.

– По преземените мерки и активности, расчистена е тешка кражба извршена на 19 ноември 2020 во маркет во Ѓорче Петров, од каде биле одземени пари. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство, наведуваат од МВР

Back to top button
Close