Претреси во Сарај и Ѓорче Петров, на две лица одреден притвор

Во заедничка координирана акција на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Интервентна полиција, како и Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера по претходно добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на осум локации на подрачјето на Ѓорче Петров и Сарај, кај Б.Л. (27), Е. Ш. (35), Х. Л. (22), А. Ш. (28) и А. Ш. (28), А. З. (25), Ѓ. К. (27), Л. И. (19) и Д. М. (24).

-При претресите пронајдени се докази за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик за “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, а во врска со претходно пронајдена поголема количина на муниција и автоматско огнено оружје на 23.08. 2023, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Во полициска станица се приведени две лица, а се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на други лица инволвирани во кривичното дело.

Од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против лицата за кои се обезбедени докази, а се обезбедуваат докази и за други инволвирани лица.

Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на две лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена

Back to top button
Close