Претреси во Тетовско, пронајдено оружје

 Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 16:15 до 18:50 часот, со судски наредби извршија претреси во домовите на Н.А.(24) и неговиот роднина Р.Л.(27) во тетовски Порој.

Притоа, како што информираат од МВР, во домот на Р.Л. пронајдени се три парчиња огнено оруже – две ловечки пушки, од кои една од американско производство и „хеклер”, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја.
Р.Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.
-По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со Јавен обвинител, Р.Ј. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, се наведува во соопштението на МВР

Back to top button
Close