Претседателите на осум членки на ЕУ побараа итни разговори за членство на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска и официјално побара забрзано зачленување на Украина во ЕУ

Претседателите на осум држави од централна и источна Европа во понеделникот ги повикаа земјите-членки на Европската унија веднаш да и дадат на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да започнат преговори за членство се наведува во отвореното писмо објавено во понеделникот, јавува агенцијата Ројтерс.

„Ние, претседателите на земјите-членки на ЕУ: Република Бугарија, Чешката Република, Република Естонија, Република Латвија, Република Литванија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристап во ЕУ“, се вели во писмото.

Прва рунда разговори Украина и Русија без договор за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија. Зеленски побара од унијата да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, бидејќи таа се брани од инвазија на руските сили.

 

Зеленски бара брз прием во ЕУ

Украина се соочува со масовна неиспровоцирана инвазија од соседна Русија, а Зеленски и претходно денеска ја повика Европската унија веднаш да и даде членство на Украина по посебна процедура.

„Нашата цел е да бидеме со сите Европејци и што е најважно, да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека го заслужуваме тоа“, рече тој во видео говор споделен на социјалните мрежи

 

Back to top button
Close