Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен суд,осомничена е во истрагата за „Адитив“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд.
Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, без да прецизираат имиња, велат дека во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица.
Засега е познато дека ќе се бараат мерки за обезбедување на присуство, а Димитровска ќе биде изведена пред судија на претходна постапка. Извесно е само дека не се бара најстрогата мерка, а тоа е ефективен притвор.
Точно е, претседателката на ДКСК во моментов е во Кривичен суд и за неа е доставен предлог за определување мерки за претпазливост. Значи, не е определен притвор, туку само мерки за претпазливост. Во моментов не би можеле да процениме кога точно ќе биде изведена пред судија – изјавиле за плусинфо од Кривичен суд
Од Обвинителството со куса информација: „Во рамките на предметот Адитив од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале во текот на утрешниот ден“.
Според нејзината биографија, пред да стане член на ДКСК, Димитровска била државен ревизор.
Во случајот Адитив, за спорните набавки на адитиви за согорување на јаглен во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј, вредна 6,5 милиони евра, се сомничат повеќе луѓе.
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, веќе е во притвор