Претседателката на ЕП побара зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ заради војната во Украина и енергетската криза

epa09692709 Roberta Metsola delivers a speech after being elected as the new president of the European Parliament at the European Parliament in Strasbourg, France, 18 January 2022. MEPs will elect the Parliament’s new President, 14 Vice-Presidents and five Quaestors and will determine the composition of the Bureau for the next two-and-a-half years. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Долгорочниот буџет на ЕУ мора да се зголеми поради војната во Украина, енергетската и економската криза и одбранбените предизвици, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, пред средбата на лидерите во Советот на ЕУ во Брисел

Притоа Мецола посочи дека се потребни дополнителни средства за сервисирање на повисоките долгови поради зголемувањето на каматните стапки и недостатокот на разбирање за новите извори на финансирање на касата на ЕУ.

-На нашата економија и е потребен поттик. Ова не е прашање на просперитет, туку на безбедност. А тоа значи дека треба повторно да го погледнеме буџетот на ЕУ, рече Мецола пред почетокот на дводневниот состанок на лидерите, чиј фокус е енергетската криза.

„Мораме да се прилагодиме на тоа што се случува”, додаде таа.

Буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година во износ од 1,1 трилиона евра претставува само еден отсто од БДП-то на земјите членки.

Долгорочниот буџет беше усвоен во декември 2020 година, кога се уште не се знаеше што следува. Тој не предвидуваше уште две години од пандемијата, а уште помалку руската инвазија врз Украина и придружната енергетска криза и високата инфлација.

ЕУ натрупа долг од 800 милијарди евра за да ја обнови својата економија од пандемијата, а според Мецола, во 2023 година ќе и требаат дополнителни 450 милиони евра за негово сервисирање.

-Доколку каматните стапки останат високи, исплатата на долгот ќе го избрише целиот одговор на кризите и ќе почне да ги јаде европските програми, истакна Мецола.

Но, отворањето на долгорочната буџетска рамка ќе создаде нови проблеми, бидејќи ќе ги спротивстави нето-корисниците и нето-плаќачите во ЕУ.

-Свесна сум за политичката реалност, но долгорочниот буџет мора да може да биде флексибилен, рече Мецола. „Плафоните треба да се кренат кога тоа е потребно за да се задоволат потребите и новите приоритети”, додаде таа.

Back to top button
Close