Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка поради притисок од премиерот.

– Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка.

Одлуката, како што рече, ја донела за да го заштити својот углед, но и фамилијата.

Рече дека изминатиот период, од страна на некои политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет

„Премиерот Христијан Мицкоски, токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам има некакви кланови и се фалсификуваат записници“ рече таа.

Дамева посочи дека ја донела одлуката за да го заштити својот углед, но и семејството.

Премиерот Мицкоски, на собраниската седница за пратенички прашања рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева, која денеска си поднесе оставка, посочи дека причините се поради политичкиот притисок врз Судскиот совет од страна на владеачката гарнитура и премиерот Христијан Мицкоски.

-Најтешко ми падна што нарачани текстови минатиот период се споделуваа по портали. Ме оцрнуваа, ја вмешаа фирмата на сопругот. Манипулации од луѓе, кои се нелуѓе. Но, правдата се докажува во судница, не по портали, кажа Дамева денеска во Судскиот совет.

– Advertisements –

Таа во своето получасовно обраќање појасни дека оставката ја дава за да го зачува својот интегритет и мир.

-И кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта, и на разно разни начини, претседателот на владата и политичарите од владеачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес службата изразуваат негативен став спрема Судскиот Совет, спрема членови на Советот, но, најпоразително од се -е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството, и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот Совет на РС Македонија, истакна Дамева во своето обраќање.

Состојбата трае од промената на власт и е интензивирана последните неколку месеци, оценува таа.

-Претседателот на владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот Совет, со кој раководам, има некакви кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати, тој како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот Совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа, во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот Совет заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела треба да бидат распуштени, вели Дамева.

Сериозна е состојбата кога премиер вели дека на нивно место ќе постави „свои“ луѓе.

-Дури, во телевизиско гостување истакна дека на нашето место, на местото на постојаните членови на Советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително, наведе Дамева во говорот при поднесување на оставката.

Дамева кажа дека ќе остане во Судскиот совет за да види до каде ќе оди пратеникот Антонио Милошоски, неговата партија и другите политичари. Дамева рече дека ќе издржи, освен, како што додаде, ако удрат по безбедноста на ќерка ѝ, сопругот и семејството.

„Имуна сум на вашите ставови, закани и намери. Но, ако имате намера нешто да сторите, сторете го по законски пат и со докази. Јавно го повикувам Мицкоски да ги достави до јавното обвинителство доказите за наводно фалсификување на записници. Во спротивно, треба да се извини”, рече Дамева.

 

Back to top button
Close