Претседателката објави слика како вапсува јајца и повика на мир, надеж и семејна сплотеност
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку објава на „Фејсбук“ пред Велигден повика на мир, надеж и семејна сплотеност, нагласувајќи ја симболиката на традиционалното вапсување јајца во пресрет на големиот христијански празник.

„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува“, напиша Сиљановска-Давкова.
Таа додаде дека чинот на вапсување јајца има посебно значење за семејството и заедништвото.
„Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник. Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“, порача претседателката.






