Претседателот на ЕПП: Иднината на СНС во рамките на групацијата наскоро ќе биде предмет на дискусија
Иднината на Српската напредна странка (СНС) во рамките на Европската народна партија (ЕПП) ќе биде тема на дискусија во рамките на таа групација во наредните денови, изјави во Стразбур претседателот на претставничката група на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер.
Во обраќање до медиумите пред пленарната седница на Европскиот парламент, Манфред Вебер рече дека ЕПП внимателно ја следи ситуацијата и развојот на настаните во Србија, пренесоа српски медиуми.
„Имаме поделени мислења за ова во ЕПП. Свесни сме за развојот на настаните, ги гледаме снимките од таму. ЕПП не е слепа за настаните во Србија. Лидерите почнаа да го следат Александар Вучиќ и членството на СНС, и ќе разговараат за ова во наредните денови“, објасни Вебер.
На прашањето дали е вистина дека на Вучиќ му е забрането да присуствува на самитот на ЕПП во Валенсија, тој одговори дека тоа не е вистина.
„Сите лидери беа поканети, членови и придружни членови беа поканети. Вучиќ одлучи да не дојде“, рече Вебер.
Српската напредна странка е придружен член на ЕНП од 2016 година.