Претседателот на Парламентот на Косово во посета на Собранието на Северна Македонија

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска е најавена посета на претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњуфца.

Според веб страната на Собранието, Коњуфца ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери по што се најавени изјави.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека поради посетата на претседателот на Парламентот на Косово ќе биде воведен посебен сообраќаен режим

Back to top button
Close