Филипче поддржува средба Мицкоски – Жељазков:„Легитимно е Владата да бара дополнителни гаранции“
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека го поддржува премиерот Христијан Мицкоски да се сретне со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
„Еве, сега има политичка влада во Софија и апсолутно го поддржувам премиерот да побара час поскоро средба со политичката влада и премиерот во Бугарија, за и тој дел конечно се расчисти. За да видиме дали можеме или не можеме да добиеме некакви дополнителни гаранции. Ќе го поддржиме, повторувам, кој било подобар предлог. Апсолутно, која било форма на дополнителни гаранции, меѓутоа нека се случи час поскоро, бидејќи времето поминува. Албанија и Црна Гора со крупни чекори одат напред“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека претходните влади на СДСМ направиле максимум што можело за македонското прашање.
„Сметам дека јасно е потврден идентитетот, македонскиот јазик – веќе потпишавме договор со ЕУ, но легитимно е Владата да бара дополнителни гаранции“,рече Филипче.