Претседателот на советот на Кисела вода е адвокат на „Лајка“ за 50.000 денари месечно, директорот Димитровски вели „поставувате несоодветни прашања“

Нов адвокат на ЈП „Лајка“ е претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Иван Живковски од ВМРО-ДПМНЕ. Градското јавно претпријатие склучило договор со адвокатската канцеларија на Живковски која ќе ги застапува на суд по тужби од граѓани за каснати кучиња.

Директорот на ЈП „Лајка“ Воислав Димитровски потврдува дека Живковски е еден од адвокатите на „Лајка“ и за ангажманот месечно добива 50.000 денари. Сумата која ја зема, како што вели директорот Димитровски, е дупло помала од онаа што ја земале адвокатите ангажирани од претходното раководство.

Димитровски смета дека нема ништо спорно ниту конфликт на интереси во тоа што адвокатот кој ги застапува и зема јавни пари е претседател на Советот на Општина Кисела Вода. Тој рече рече дека прашањата кои му ги поставуваме се несоодветни, наместо да пишуваме за нивната работа со кучињата скитници.

„Со ваквото прашање имате несоодветен однос. Наместо, како останатите медиуми и портали, да побарате разговор и одговори за тоа како ги решаваме проблемите со уличните кучиња, вие ме прашувате за вакви работи и сакате кон тоа да го свртите фокусот на нашата работа“, ни рече Димитровски.

На нашето прашање како е избрана токму адвокатската канцеларија на Живковски, директорот кажа дека тоа е направено според стручноста и дека ниту досега, ниту сега изборот на адвокатски друштва не се правел преку тендер.

Повеќе

Back to top button
Close