Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на отворањето на Токио 2020 поради страв од нарушување на угледот

Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на церемонијата на отворање на Олимпијадата Токио 2020, поради страв од нарушување на угледот на компанијата.

Тојота е еден од спонзорите на Олимписките игри.

Исто така, компанијата за производство на автомобили нема да прикажува ТВ реклами поврзани со Олимписките игри, иако однапред има подготвено видеа.

Оваа одлука беше донесена поради страв од нарушување на имиџот на компанијата, бидејќи многу Јапонци се спротивставија на одржувањето на Игрите-2020.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close