Претседателот на Уставен во МВР пријави закани по живот врз уставни судии. На потег е новиот министер Тошковски

 

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до МВР, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд.

Како што информираа од Судот, пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.

Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии. Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите“ се вели во соопштението од Уставен.

Пред еден месец тогашната председателка на Уставниот суд Добрила Кацарска среде бел ден во ресторан во строгиот центар на Скопје беше напаната со зборовите “ќе одговараш“ а обидот и за физички напад од истото лице го спрешике од ибезбеувањето на Кацарска. Таа како што изјави овој напад и закани веднаш ги пријавила во полициска станица за разлика одд претходните закани по социјалните мрежи.

Полицијата предводена од тогашниот заменски министер од ВМРО ДПМНЕ Панче Тошковски потврди за ова насиство и дена има пријава во полиција но најверојатно остана на тоа без да се процесуира кривична пријава за насилникот за кој медиумите објавија дека е од Кавадарци на привремена работа во странска држава.Тошковски од денеска е министер за вматрепни работи во новата влада и најверојатно ќе одговори на повикот на новиот председател на Уставниот суд а најпрво да провери дали пријавата од Кацарска е процесуирана во обвинителството и ако е кога тоа е сторено.

Кацарска на тв интервју по нападот кажа дека овој напад не бил прв и дека на летовање во Грција додека била на плажа и пришло непознато лице и се заканувало и ја клоцало и дека завршила со натеше зглоб.Овој напад Кацарска не го пријавила. Инаку Кацарска како судија во кривичниот суд ги осуди обвинетите лица за крвавиот четврток кога симпатизери на ВМРО ДПМНЕ упаднаа во собранието и претепаа пратеници новинари а меќу повредените беше и идниот премиер Зоран Заев а нај тешко помина пратеникот Зијадин Села кој со сериозни повреди и во бесознание едвај беше спаен од разјарената толпа.

Закани по живот добила и обвинителката Вилма Русковска која го водеше случајот со обвинетите за крвавиот четврток. Нејзе возрасен човек се обидел да ја нападне додека била на касата на маркет во Скопје и се спренала да плати за она пто купила.Обидот навредите да не преминат во физички напад ги спречила касиеркатаа која го избркала лицето со закана дека не дозволува во маркетот распразии за политика. Русковска одлучила да не го пријавува овој немил настан а веќе е во пензија.

И за Русковска како и за Кацарска често има закани на социјалните мрежи во врска со судењето во јавноста познат како крвавиот четврток.

Back to top button
Close