Претседателот Пендаровски го пречека латвискиот претседател Егилс Левиц

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Латвија Егилс Левиц, со што започна неговата официјална посета на Република Северна Македонија

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

– Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, политиката на проширување на ЕУ, безбедносните предизвици во поширокото соседство во контекст на руската воена инвазија врз Украина и други актуелни геополитички теми, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски се заблагодарил за континуираната и принципиелна латвиска поддршка за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на земјата, укажувајќи на балтичките земји како одличен пример за трансформација на општествата, преку евроинтегративниот процес.

– Евроатлантската интеграција на Западниот Балкан носи подеднакво безбедносна сигурност за континентот, како што тоа е случај и со балтичкиот регион, потенцираше Пендаровски

Back to top button
Close