Претседателот Пендаровски не чувствува потреба да се извини на СЈО

Претседателот не чувствува потреба да им се извинува на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство, затоа што неговата оценка за поранешното СЈО од говорот по повод 2 Август-Денот на Републиката, Илинден, воопшто не се однесува на вработените, велат од Кабинетот на шефот на државата за Лидер.

-Оценката се однесува на првиот човек во тоа обвинителство, која беше единствена овластена да покренува обвиненија во име на СЈО и која подоцна заврши како обвинета и осудена во прв степен- соопштиле од Кабинетот на шефот на државата.

Пред неколку дена поранешната јавна обвинителка од СЈО Ленче Ристоска остро реагираше на изјавата на претседателот Стево Пендаровски од Пелинце, кој кажа дека „СЈО стана за жал дел од организираниот криминал“.

Back to top button
Close