Претседателот Пендаровски се сретна со амбасадорот Која

– Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, разменија мислења и информации за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада, како и за предизвиците и приоритетите во претстојниот период  во контекст на европските аспирации на земјата.

Амбасадорот Која го запозна претседателот Пендаровски со тековните активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Соработката меѓу домашните институции и Мисијата на ОБСЕ во Скопје трае повеќе години во различни области и на повеќе програми, при што Мисијата на ОБСЕ дава советодавна и програмска поддршка во реформа на полицијата, медиумски слободи, изборните реформи, родова еднаквост, добро владеење, човекови права, спроведување на интегрирано образование.

Соговорницитеисто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

Back to top button
Close