Претседателот Пендаровски во Пелинце, делегации од неговиот Кабинетат на чествувањето на 2 Август – Ден на Републиката во Крушево, Смилево и Скопје

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 2-ри Август – Ден на Републиката, Илинден, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце.

Делегации од Кабинетот на Претседателот денеска беа дел од настаните за чествување на Илинден во Крушево, Смилево и Скопје.

Делегации од кабинетот положија свежо цвеќе на:

– гробот на Никола Карев – Македониум, на споменикот на хероите на месноста Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република во Крушево;

– споменикот на АСНОМ, на споменикот на Никола Карев, на споменикот на Методија Андонов-Ченто и на споменикот Сила, Слава и Победа – тврдина Кале во Скопје;

– споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“ во Смилево.

Кабинет на Претседателот на Република Северна Макдонија

 

Back to top button
Close