Претседателска дебата на Радев и Герџиков на тема Македонија

 Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, искажаа слични позиции за темата Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од страна на Бугарија, туку од страна на Северна Македонија. Бугарија, вели Герџиков, сака да се почитува Договорот за добрососедство, што значи почитување на правата на Бугарите во С Македонија, запирање на говорот на омраза, да се подобри транспортната поврзаност. Според него, Бугарија го направила патот до границата со С Македонија, но од другата страна немало ништо и покрај европското финансирање.

Претседателот Румен Радев кажа дека Бугарија не може да каже „да“ за Северна Македонија за членство во ЕУ пред, како што наведе, да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ.

Според Радев, ЕК и Европскиот совет не се согласуваат да станат гаранти на преговарачката рамка и на поглавјето 35, на што инсистира Бугарија.

– Во моментов вратата за преговори за С Македонија останува затворена, дециден беше Радев. На прашањето на новинарката на БНТ што ја водеше дебатата дали треба да има референдум за Македонија, двајцата одговорија дека тоа не е потребо бидејќи имало општествен консензус на таа тема.нк/са/

Back to top button
Close