Претседателски избори во Сирија
– Во Сирија се одржуваат претседателски избори, втори од почетокот на војната и според анкетите, претседателот Башар ал Асад ќе го добие четвртиот мандат.
Слоганот на неговата кампања „Со работа до надеж“, повикува на реконструкција на земјата уништена од десетгодишен конфликт, во кој загинаа над 388.000 луѓе, а раселени се речиси половина од предвоеното население во Сирија.
Поради строгите критериуми за претседателски кандидати, само двајца противници ќе бидат на изборнита листа со Асад – Махмуд Ахмед Мареи, опозициски политичар од Дамаск и лидерот на левичарската партија Абдалах Салем Абдалах, , кој беше министер во владата на Асад четири години.
Право на глас имаат над 18 милиони Сиријци. Семејството Асад управува со земјата веќе пет децении, е Башар е на власт веќе 21 година.
Ден пред изборите, министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД во заедничка изјава нагласија дека изборите нема да бидат ниту слободни ниту фер.
На претходните избори одржани во 2014 година, Асад освои 89 проценти од гласовите, а излезноста беше поголема од 73 проценти, и покрај жестокиот конфликт.