Претседателски рокади, оценска мисија и по некоја „отворена војна“ – Судскиот совет во 2023

Eдинствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет, минатата година се најде во фокусот на јавноста со дебата за правото, процедурите и легитимноста, но, на самиот себеси. Од контроверзно разрешување, до враќање на функција на претседателката Весна Дамева, изборот на судии и „отворената војна“ со членовите по функција, Судскиот совет „преживеа“, тешки денови кои ја поколебаа пошироката јавност, експертите и меѓународната заедница во неговата функционалност.

Клучниот момент кој ги предизвика овие пресврти беше седницата во април изминатата година на која неочекувано беше разрешена претседателката Весна Дамева. Повод за ова било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од амбасадорката Анџела Агелер, во кое таа ја критикува состојбата со правосудството во земјава. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, ja доби поддршката на 7 од 13 члена на Советот за отстратнување на Дамева од претседателското место.

За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, правни експерти, како и амбасадори. Контроверзното разрешување на Дамева беше споменато и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2023 во кој стои дека тоа предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание.

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека видела малку докази за исполнувањето на „светите обврски“ на Судскиот совет како што се правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја, а Холандија тогаш стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој, според холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп, стана нелегитимно тело.

Така, довербата во овој орган континуирано опаѓаше, додека тој продолжи да работи со новоименуваниот претседател, Сашко Георгиев, кој остана на тоа место сè до пресудата на Управен суд со која беше поништена одлуката за разрешување на Дамева.

Пресудата на Управен суд „пресуди“ Дамева да се врати

Судскиот Совет новата година ја започна со враќање на поранешната претседателка, Весна Дамева, кое овој пат беше иницирано од пресудата на Управен суд во која стои дека Советот не дал доволно образложени причини за нивната одлука за разрешување.

Тече рокот за поднесување тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори.

Судот нашол дека одлуката е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената одлука, како што наведуваат „содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.

– Во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на Судски совет, по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет, со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет, образложуваат оттаму.

Од Управен суд во пресудата посочуваат дека претседателот на Советот како член на Советот со право на глас има еднакви права и обврски со останатите членови, а со тоа и еднаква одговорност. Оттаму велат дека Советот одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот, а никаде не е наведено дека истиот има надлежност да одлучува за изгласување недоверба на претседател на Советот, ниту за разрешување само од функција претседател на Советот, без претходно спроведена постапка за утврдување на негова одговорност.

Оценската мисија на ЕУ донесе 40 препораки, формирана работната група за измени на Законот за Судски совет

Оценската мисија на ЕУ составена од тројца правни експерти од Хрватска, Белгија и Италија престојуваше во земјава во септември минатата годинава, со цел анализа на правната рамка и средби со сите релевантни институции, како и експерти од невладиниот сектор, по што изготви 40 препораки кои беа споделени со Судскиот совет и соодветните институции, но не и јавно објавени.

Според Оценската мисија, како што беше посочено на брифинг со медиумите во Делегацијата на ЕУ, моменталните предизвици во функционирањето на Судскиот совет се резултат на акумулирани проблеми кои не биле навремено и системски адресирани подолг период и за да ја подобри својата функционалност, Советот треба да исполни 40 препораки, групирани во шест сегменти – структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање.

Лидерите на ЕУ дискутираат за економски прашања на вториот ден од самитот во Брисел.

Вкупно 17 препораки, како што беше речено на брифингот со евроамбасадорот Дејвид Гир, се однесуваат на подобрување на праксата и работењето на самиот Судски совет и може да бидат спроведени, без никакви законски измени. Од нив, седум се однесуваат на транспарентноста и десет за изборот и унапредувањето на судии, што е клучна функција на Судскиот совет.

– Доколку Судскиот совет спроведе 17 препораки во следните неколку месеци, тоа би било револуција. За останатите се потребни законски или уставни измени, но нема причина да се одложуваат овие, со оглед на временската рамка за изборите, порача Гир.

Останатите мерки, предвидуваат уставни или законски измени и се однесуваат на тоа кој може да биде избран за член на Судскиот совет, должината на мандатот, дефиницијата „истакнат правник“, воспоставување рамка за начинот и постапката за разрешување на претседател на Советот, одговорноста на членовите на Советот, како и образложување на постапката и одлуката за санкционирање на судии.

Паралелно со ова, Министерството за правда во ноември минатата година формира и работна група за измени на Законот за судски совет. Оваа работна група, како што соопшти своевремено министерот Лога, рече дека ќе ги разгледа препораките од оценската мисија на ЕУ.

– Препораките од оценската мисија на Европската Унија за функционирањето на Судскиот совет ќе бидат разгледани од работната група која работи на измени на Законот за судски совет и ќе бидат вметнати во измените на законот, најави министерот за правда, Кренар Лога.

Од Министерството тогаш информираа дека во работната група ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област. Воедно, во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата.

Судски совет против Кренар Лога и Беса Адеми или обратно, жалба за изборот во Апелација

Помеѓу немирите што го разбрануваа Судскиот совет изминатата година, покрај разрешувањето на Дамева, беше и „отворената војна“ со министерот за правда, Кренар Лога, во која тој постојано ја критикуваше работата на Судскиот совет, а Советот апелираше тој да го исполни своето право како член по функција и да се појави на седниците на Советот.

Судскиот совет се „замери“ и со претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, која во интервју изјави дека во Врховниот суд имаат притисоци, по што беше повикана на средба во Советот, на која таа не се појави, а Советот потоа отвори дисциплинска постапка за неа.

Миљазим Мустафа, членот на Судски совет и подносител на иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во завршните зборови на денешната расправа во

Постапката имаше и јавна расправа на која се расправаше за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, при што беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет, таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект, а наводите ги оцени како неосновани. Советот дополнително наскоро на седница треба да одлучува за иницијативата.

Јавна расправа за уште една одлука на Судскиот совет имаше и на Врховниот суд, по жалбата на судијката Оља Ристова од Основен кривичен суд Скопје на последниот избор на судии во Апелациониот суд Скопје. Според неа, изборот е погрешен и фактичката состојба е нецелосно утврдена.

Станува збор за првиот избор спроведен по процедура врз основа на методологијата, а согласно новиот Закон за Судски совет. Со него беа избрани четворица судии од кривична област и четворица судии од граѓанската област во Апелациониот суд Скопје.

Помеѓу избраните не беше токму Оља Ристова, која веднаш потоа излезе со реакција дека изборот се спровел без почитување на ранг листата и со прескокнување на повисоко рангираните кандидати без никакво образложение.

И по оваа жалба, одлуката ја очекуваме во новата 2024 година.

Нова Година, стари проблеми за Судски совет

Новата година започна со старите проблеми за Судскиот совет. По оставката на Сашко Георгиев и враќањето на Весна Дамева на функцијата претседател, експертската јавноста реагираше дека ништовноста на одлуката за разрешување на Дамева, ги прави ништовни и сите дела, права и обврски донесени во времето на Георгиев. Ваквото решение во јавноста го врати прашањето за легитимитетот на сите членови во ова тело, но, и за потребата од носење на нов Закон за судски совет.

Во врска со ова, Судскиот совет излезе со став дека со пресудата на Управниот суд не се доведува во прашање законитоста на одлуките донесени од Судскиот совет како колективно тело, бидејќи, според нив, се поништува решението за разрешување на сегашната претседателка.

Станува збор за одлуките кои се донесени на сите 44 седници кои ги одржа Советот изминатата година на кој беа избрани 34 судии, од кои 30 од редот на академците, а во вкупната бројка не се вклучени 8-те судии од Апелационен суд во Скопје, бидејќи постапката по жалби не е завршена.

Со полноправна судска одлука, според податоците што ги добивме од Судски совет, изминатата година е разрешен само еден судија, а во текот на календарската 2023 година, во пензија заминале 43 судии.

Судскиот совет изминатата година имал 383 претставки, од кои биле разгледани 317. Од нив, според Советот, 34 се основани, две се делумно основани, 81 се неосновани, 65 се повлечени од седница и вратени на доработка, додека, една е повлечена од подносителот.

Во текот на 2023 се отворени постапки за утврдување на одговорност против 49 судии и четворица претседатели на судови.

Во однос на бројот на недостиг на судии по судови за изминатата 2023 година, од Судскиот совет одговорија дека по систематизација вкупниот број на судии изнесува 639, а во моментов се пополнети 399 судиски места.

Back to top button
Close