Претставата „Куршуми над Бродвеј“ вечер премиерно во Драмскиот театар

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ работена според текстот на Вуди Ален и Даглас Мекграт вечер премиерно ќе биде прикажана во Драмскиот театар. Адаптацијата и режијата е на Ненад Витанов.

Во претставата играат 15 актери, од кои 13 актери од Драмскиот театар и двајца гости дипломци од Факултетот за драмски уметности.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценските движења се на Маја Каревски.

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ на репертоарот на Драмскиот театар е и на 22 и на 27 октомври. 

Back to top button
Close