Претставени новите дресови на македонската фудбалска репрезентација за Еуро 2020

 Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ги претстави во јавноста новите дресови со кои националниот состав ќе настапи на претстојното Европско првенство.

Германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој традиционално ги „облекува“ македонските фудбалери, изработи три комплети дресови, кои се во бордо, бело-жолта и црно-портокалова комбинација. На предната страна на дресовите, изработени од рециклирани материјали, е исцртан лик на балканскиот рис.

Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.

Back to top button
Close