Претставник на „ММММ КАФЕ“: Обвинението е конфузно, не се знае кој бил одговорен за клубот „Пулс“

Претставникот по службена должност на правното лице „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, сопственик на кабарето „Пулс“, денеска упати сериозни критики кон новиот интегриран обвинителен акт. Според одбраната, обвинението е правно неодржливо, непрецизно и оневозможува праведна одбрана поради низа суштински недостатоци.

Главниот адут на одбраната е дека обвинителството не успеало да ги индивидуализира дејствијата на обвинетите. Наместо јасна слика, актот нуди „претпоставки и интерпретации“ кои не ги задоволуваат основните правни стандарди.

 

 

Одбраната посочува дека во обвинението воопшто не се идентификувани одговорните лица преку кои би можела да настане одговорност за самата фирма. Нејасно е кој управувал со подружницата во Кочани и дали таа воопшто постоела во целиот период опфатен со истрагата.

„Обвинителниот акт опфаќа огромен временски период, од 2012 до 2025 година, без притоа да се утврди кога е основана подружницата ‘Пулс’ и дали таа постоела во тој конкретен период. Доведени сме во ситуација да не можеме да утврдиме која точка од обвинението се однесува на правното лице“, истакна претставникот на „ММММ КАФЕ“.

Повеќе

Back to top button
Close