Претставник на Вселенската патријаршија во посета на Бигорскиот манастир


Претставник на Вселенската патријаршија, митрополитот Кирил, денеска во Бигорскиот манастир, каде што моментално престојува, одржа заедничка литургија со претставници на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

По литургијата со митрополит Тимотеј му подарил и сребрен јубилеен медалјон, во чест на 30-годишнината од патријаршиската служба на патријархот Вартоломеј.

Денешната празнична литургија во Бигорскиот манастир беше во чест на светиот Партениј Лампсакиски, а на неа присуствува голем број верници од сите делови на државава кои му го честитаа именденот на владиката Партениј.

Освен посетата на митрополитот на Имврос и на Тенедос, во Бигорскиот манастир, по повод празникот на Свети Партениј Лампсакиски и именденот на игуменот епископ г. Партениј, допатува и познатиот атински хор по источно православно црковно пеење „Тропос“, кој важи за еден од најдобрите хорови во православниот свет.

Back to top button
Close