Превозот за студенти ќе биде бесплатен и во 2025 година, ЈСП ќе добие 2 милиони евра од МОН
Денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за бесплатен превоз за студентите.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска соопшти дека последен пат кога МОН исплатил средства кон ЈСП е во 2021 година, а од тогаш до денес не била донесена одлука за субвенциониран превоз.
„Прашањето околу студентскиот превоз е решено. Денеска ќе бидат уплатени 120 милиони што е добра вест за сите студенти кои имаат потреба да полагаат во јануарската испитна сесија“, рече Јаневска.
Студентите и средношколците на денешната средба со министерката побараа од МОН и поголема дигитализација на учебници , подобрување на државната матура, како зголемување на бесплатниот превоз и за студентите на приватните универзитети.
Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите и од утре ќе можат да се продолжат билетите