Преживеаните пациенти на клиниките во Бугарија ќе останат до петок, после ќе бидат транспортирани во Скопје

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

 

Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close