Пријавата за бомба на скопскиот аеродром е лажна

Откако имаше дојава за бомба на скопскиот аеродром, од ТАВ известија дека по проверките на МВР се установило дека пријавата е лажна.

-Меѓународниот Аеродром Скопје денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, соопштија од ТАВ.

Освен на скопскиот аеродром, дојави за бомби имаше и во 10 училишта.

 

 

Back to top button
Close