Пријавил дека две лица му го запалиле бмв-тп

Скопјанец пријавил во кумановската полиција дека две лица со запалива течност предизвикале пожар на неговото возило пред куќа во липковското село Ропаљце.

– Денеска во 04:05 часот во Полициското одделение Матејче, Џ.Е. (25) од Скопје, пријавил дека пред куќа во село Ропаљце, општина Липково, две лица со запалива течност предизвикале пожар во неговото возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки-соопшти полицијата.

Тој го изгаснал пожарот во кој повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот

Back to top button
Close