При ископ со багер пронајдени коски кои наликувале на човечки, во близина на стари гробишта во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“

– Г.Ј.(39) од Пехчево вчера во 11:55 часот во СВР Скопје пријавил дека при извршување работни задачи-  ископ со работна машина багер, во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“ на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

По насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

Back to top button
Close