При израелски напад погодена иранската државна телевизија
Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напад врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), управувана од државниот радиодифузер ИРИБ, објавија израелските медиуми.
Според нив, програмата на државната државна телевизија на Исламска Република Иран е во прекин.
Нападот уследи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на исчезнување“.
Кац додаде дека почнала евакуацијата на жителите од Техеран.
По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.