При контрола на возила кои превезуваат ученици констатирани 75 прекршоци
Седумдесет и пет прекршоци се констатирани при акциска контрола на Министерството за внатрешни работи со цел зголемување на безбедноста на учениците, односно нивниот транспорт до училиштето и назад.
Контролата е спроведена денеска во периодот од 06 до 10 часот.
По Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 19 прекршоци на подрачјето на СВР Штип, во СВР Велес 14, во СВР Битола 10, а по девет прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Струмица и СВР Куманово. Седум прекршоци се констатирани во СВР Охрид, четири во СВР Тетово и три на територија на СВР Скопје.
По Законот за возила изречени се девет прекршоци од кои пет на подрачјето на СВР Тетово и по една на подрачјето на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Штип и Куманово.
За време на акциските контроли, извршени биле проверки на 52 возила што вршат јавен превоз, а преземени се и други активности. По извршените проверки, 37 возила биле упатени на вонреден технички преглед, а 13 возила биле исклучени од сообраќај